Прегазен старец на патот кон преминот Ново Село – во него удрило бугарско возило

0
352

Вчера загинал пешак во сообраќајната несреќа која се случила на патот Струмица – Граничен премин Ново село, објави „Курир“.

Несреќата се случила во 17 часот кога возило со бугарски таблички управувано од О.П. од Република Бугарија го удрил 72-годишниот А.С.

Во несреќата пешакот загинал на место, а увид извршил Јавен обвинител, објави „Курир“.

 

извор: Курир