Таткото на насилничката од Косово се извинува и бара да и се суди на ќерка му според Законите

0
389

Таткото на медицинската сестра Аурона Пељај, која беше снимена како бездушно тепа и малтретира старица во дом за стари луѓе во Пеќ, на Косово, јавно се извини за постапката на неговата ќерка.

Наим Пељај побара јавно извинување и прошка и од семејството на старата жена, велејќи дека објавената снимка тешко го погодила него и семејството.

Во меѓувреме, косовските медиуми објавија дека малтретираната жена е мајка на поранешен војник на ОВК, Таулант Нура.

„Почитувано семејство на мајката на слободарскиот маченик Таулант Нура, благодарение на неговата крв денес уживаме во слободата, сакаме да ја споделиме болката со вас и од длабочината на душата ја чувствуваме со вас повредата што ја има предизвикано нашата ќерка. Знам дека поминувате низ тешки моменти, но дозволете ни јавно да се извиниме во името на моето семејство Пелај, на вас, на семејството Нура и на целиот албански народ. Дај Боже овој случај да не се повтори, а ние морално и духовно цел живот ви должиме вам, за духовната трагедија што ви ја предизвика нашата ќерка“, изјави Пелај за телевизијата „Клан“.

 

 

slobodenpecat.mk