Во четвртата епизода од серијалот „Цеца шоу“, гледачите дознаа за операцијата на Цеца Ражнатовиќ во Турција која се уште не открива зошто е оперирана и каков е нејзиниот здравствен проблем. Фолк ѕвездата претходно објасни дека операцијата е неизбежна.
„Таму останавме дванаесет дена. Докторот ми рече дека операцијата ќе трае 6 часа, дека тоа е стандард за таа интервенција. Морав да одам на таа операција, сега или за два месеци, морав. Сакам да ја решам и да се чувствувам добро во своја кожа“, изјави Цеца. Во Истанбул со неа беа и Анастасија и Лидија за да и дадат поддршка.
„Неколку недели пред операцијата имавме заедничка консултација во Истанбул. Имавме разговор, а после тоа одлично се забавувавме“, рекла Анастасија. И додава “ Сите беа изненадени зошто операцијата трае 6 часа и секако секогаш постои загриженост, никогаш ништо не е безопасно“.
Иако закрепнувањето трае долго, пејачката по две недели продолжи со работните обврски и се појави на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“. Операцијата поминала успешно, а Цеца закрепната и во топ форма им се врати на обврстите пред камерите на „Гранд“.
vesnik.mk