Денес започнува ЕП за ракометарки, првиот натпревар утре во Скопје

0
222

Денес официјално започнува ЕП во ракомет за жени кое ќе се игра во Македонија, Словенија и Црна Гора..

Нашата репрезентација натпреварите ќе ги игра во СЦ Борис Трајковски а во Скопје првенството се отвора во сабота во 18. ч кога  Македонија ќе ги одмери силите со селекцијата на Франција.

По пауза од 10 години женската ракометна репрезентација на Македонија се враќа на европските шампионати. Убава можност за оваа млада селекција да го стекне потребното искуство за континуитет на женскиот ракомет на големите натпреварувања.

Селекторот  Љупчо Савевски   полека но сигурно ја креваше формата на оваа селекција ракометарки која немаше многу среќа при извлекувањето на групите па во прелиминарната фаза ќе игра со силните селекции на Франција, Холандија и Романија сите аспиранти за висок пласман. Но и во таква ситуација девојките се надеваат на барем една победа на првенството.

Да потсетиме дека првиот натпревар го играме против Франција во сабота, два дена подоцна играме против Холандија а последниот дуел е со Романките.

 

 

kutit.mk