Селена Гомез: Се започна во моите дваесетти, имаше денови кога размислував за самоубиство

0
278

Немам што да кријам, бев во четири центри за лекување. Во моите рани дваесетти, започна мрачен период во мојот живот, кога веќе не можев да ги контролирам емоциите. Тогаш почна мојата депресија, поради која целосно се изолирав, изјави Селена Гомез (30) во документарниот филм My Mind & Me, кој ќе излезе утре. Пејачката и актерка проговори за нејзината борба со биполарното растројство.

Таа откри дека порано немала сила да стане од кревет. Не сакала да разговара со никого, а пријателите ја посетиле и и донеле храна. Но, никој не знаеше што се случува со неа.

– Понекогаш бев само во кревет со недели. Никогаш не се обидов да се самоубијам, но имаше денови кога размислував за тоа. Мислев дека светот ќе биде подобро место без мене – рекла Селена. Останала во установи за ментално здравје и лекарите постојано и ги менувале лековите со надеж дека тоа ќе и помогне.

 

– Во еден момент веќе ништо не чувствував. Имав чувство дека веќе не ни постојам, како да сум исчезнала – признала таа.

По некое време решила да ја напушти институцијата и да посети психијатар. Тој и ги симнал речиси сите лекови и тогаш, како што рекла, почнала со „детоксикација“.

 

– Морав да научам како да запомнам некои зборови. Понекогаш за време на разговорот не ни знаев каде сум. Потребна беше многу напорна работа додека научив да прифатам дека сум биполарна личност и дека морам да се носам со тоа бидејќи секогаш ќе биде така – се присети Гомез, која го откри своето ментално растројство во 2018 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)

24sata.hr