(ВИДЕО) Лоран Симонс од Белгија на 12 години магистрираше квантна физика, има сон човекот да стане бесмртен

Лоран Симонс од Остенде на северот на Белгија, магистрираше квантна физика за само шест месеци, објави дневниот весник Het leeatste Nieuvs.

Ова 12 годишно момче има само еден сон, сака да создаде вештачки органи кои човекот ќе го направат бесмртен.

Минатата година дипломира со големи почести на тригодишниот додипломски курс по физика на Универзиттот во Антверпен во рок од една година, а својата диплома за средно образование ја добил на 8 годишна возраст.

„Не се чувствувам посебно, секој од нас е поинаков на свој начин“, рекло момчето тогаш.

Коефициентот на интелигенција на ова момче е 145, со просек од 90 до 110. Како резултат на тоа Лорен одлично помнење кое му овозможува да усвојува знаења со многу брзо темпо од своите врсници.

Од следната година Лорен ќе студира медицина, а потоа планира и да докторира.

 

mkdenes.mk