Пукање во Мериленд, петмина мртви

Пет лица беа пронајдени мртви во дом во јужниот дел на Мериленд, откако претходно било пријавено пукање, соопштија властите.

Телата биле пронајдени во дом во Ла Плата, 35 милји јужно од Вашингтон, околу 16 часот по локално време, откако сведок повикал 911 за да го пријави пукањето, изјави портпаролката на полицијата Дајан Ричардсон.

Сите загинати во вооружениот напад биле полнолетни, пренесува Си-Ен-Ен.

Истрагата е во тек, а се наведува дека полицијата работи на утврдување дали убиените се поврзани.

 

slobodenpecat.mk