365 дена навистина беа предизвикувачки, 365 дена континуирано бевме на линија и разговаравме со градоначалниците кои се избрани на оној историски резултат на локалните избори минатата година бидејќи ниту една политичка коалиција во минатото од такво нешто од опозиција на опозиција не направила, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски на заклучоците од политичкиот саем „Саем на промени што носат иднина“ и ја поздрави работата на градоначалниците изминатата година.
Тука пред мене гледам двајца градоначалници кои што имаат исто презиме, Ристов, едниот Златко, другиот Ацо, едниот од Конче, другиот од Радовиш. Но, и двајцата генерално успешни изминатата година, Ацо отиде и чекор понатаму веќе полека но сигурно започнува со проектот на пазарот, нешто што е огромен капитален проект во Радовиш. Веќе го одмина делот за обезбедување на финансиски средства и јас се надевам дека оваа градежна сезона проектот ќе започне со реализација, што ќе значи многу за радовишани. Исто така и другиот Ристов, односно Златко од соседната општина Конче направи многу проекти кои што поврзуваат многу населени места, додаде Мицкоски.
За работењето на градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков, Мицкоски нагласи дека и покрај блокираната сметка на општината Пецаков успеал да реализира голем број на проекти.
Пецак тука се фаќа за главата, но има зошто, многу маки, многу проблеми, блокирана општина. Но изминатиот викенд бевме во Охрид и разговаравме, неколку капитални проекти се веќе во фаза на прогрес меѓу кој е и примарната водоводна мрежа која што ја прави во населеното место Лескоец. Исклучително квалитетен проект бидејќи за прв пат се обезбедува водоснабдување на вода на жителите, рече Мицкоски.
Претседателот Мицкоски нагласи дека од работата на градоначалниците се чувствува позитивната атмосфера, а тоа се отсликува и на мерењето на јавното мислење на граѓаните.
Тука е и Александар од Пехчево, туку е Димче од Македонска Каменица. Кај Александар малку ситуацијата во Пехчево не е така сјајна затоа што наследи големи долгови и обврски, но се бори тој е храбар и чесен. Со Димче разговараме и во Македонска Каменица еден голем спортски центар е готов, па во периодт кој што следи ќе го пуштиме во употреба, изјави тој.
Го гледам Боби од Гази Баба и Александар од Ѓорче. На дневна основа работата и можам да кажам дека стотици и стотици проекти или се веќе завршени или се во процес на завршување, улици, канализации и мислам дека таа една позитивна атмосфера која што владее се чувствува и во Ѓорче и во Гази Баба, а впрочем тоа и го кажуваат и граѓаните на анкетите на јавното мерење, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски го пофали работењето на Тони Коњановски градоначалник од Битола, за кој како што рече повеќе од 75 проценти до сега од буџетот во Битола предвиден за капиталните проекти е завршен.
Докторот Тони од Битола изминатата година дена направи голем пресврт во реализација на проектите, повеќе од 75 проценти до сега буџетот во Битола предвиден за капиталните проекти веќе е завршен. Очекуваме да надмине бројката над 80 па и 90 проценти. Повеќе од 65 проекти се спремни за следната година, имаме план во општината како да ги реализираат, изјави Мицкоски.
Јовче од Ресен се мачи со блокираната сметка но тој е храбар, мотивиран, многу проекти заврши и во периодот кој што следи исто така заедно размислуваме за неколку проекти кои што ќе бидат завршени во Ресен. Има капитален проект кој што се надеваме дека нема да има опструкции во министерството за животна средина и ќе може да се реализира. А, со тоа и дополнителни 18, 19, 20 милиони евра ќе бидат инвестирани во Ресен и Ресен ќе биде навистина прекрасен онаков каков што заслужува. Бидејќи многу е значаен и за Македонија, но и за ВМРО во историска смисла на зборот, но и за ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, истакна Мицкоски.
Тој исто така го посочи и градоначалникот од Демир Хисар кој што се мачи и има проблеми со мнозинството во Советот, но мотивиран е и храбар, реализира проекти во согласност со своите можности како Буџет во Општината. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е убеден дека во периодот кој што следи и таму ќе бидат завршени многу проекти.
Тука се двата исто така полошки градоначалници, Јоцо од Брвеница и Диме од Јегуновце, едниот и другиот реализираат многу проекти. Кај Диме бевме заедно со Јоцо на отворање на една градинка, улици, канализација, водовод, навистина импозантни работи, од ништо нешто прават овие луѓе. И навистина е гордост да се разговара со тоа колкав мотив и елан имаат и едниот и другиот во Полог, појасни Мицкоски.
Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е за сите луѓе. ВМРО-ДПМНЕ не ги дели граѓаните по етничка припадност туку сите се наши, сите се наши браќа и сестри, сите се наши сограѓани.
Спасе од Вевчани е навистина мотивиран, тој за жал имаше еден пех, му ги земаа и ингеренциите на Вевчани во образованието , едно училиште и една градинка. Полно е со опструкции, но жилав е Спасе, тој работи колку може и инвестира во Вевчани. Така ќе продолжи да работи, порача Мицкоски.
Мицкоски објасни дека градоначалникот на Велес имаше исклучително квалитетно организирана Питијада, но покрај таа манифестација има многу проекти реализирано за граѓаните на Велес. Пред некој ден забележал дека е започната изведбата на кејот на реката Вардар, тој проект за велешани е значаен, тоа беше еден од капиталните инвестиции.
извор: ВМРО ДПМНЕ
фото: ВМРО ДПМНЕ