Во фризерски салон во Белград е фрлена бомба

Во фризерскиот салон во Белград рано утринава околу четири часот била фрлена бомба, јавуваат српските медиуми.

Од Министерството за внатрешни работи наведуваат дека нема повредени, а причинета е голема материјална штета. Полицискиот увид е во тек.

Како што наведува полицијата се обидува да го идентификува напаѓачот, а на видео снимките од камерите се гледа како тој крши прозорец со чекан и фрла бомба, по што бега.

 

фото: TELEGRAF.RS