(ВИДЕО) Кинезите го пуштаат „Aero HT“ во продажба

Кинескиот произведувач забрзано работи на развојот на летечки автомобили и се вбројува во редот на технолошки предводници во овој се поинтересен облик на превоз.

Кратко откако во Дубаи го имал првиот јавен лет на својот прототип од петтата генерација, „XPeng“ во јавноста го прикажал и својот нов и далеку посериозен примерок.

„XPeng Aero HT“ е многу посериозен проект. Тука буквално станува збор за автомобил кој изгледа како на него да е прицврстен дрон. Претставен е на „XPeng 1024 Tech Day“, манифестација на која кинеската компанијата претставила низа интересни иновации.

„Aero HT“ поради безбедност има два погонски мотори, а покрај и сложената конструкција, произведувачот тврди дека е максимално поедноставена за што е можно побрзо да се комерцијализира готовиот производ. Очекувано, најкомплексниот дел ќе биде составот на склопување и расклопување на системот за погон за лет. Се очекува во продажба да пристигне веќе во 2024-та година, и тоа по почетна цена од 155.000 долари.

 

kurir.mk