Дали е ова најубавото издание на Карлеуша, поради фустанот го привлече вниманието на сите?

Поп ѕвездата Јелена Карлеуш на промоција во Белград се појави во разголен комбинезон со детали од пердуви и кристали.

Јавноста знае дека пејачката Јелена Карлеуша троши многу пари на скапи и брендирани ткаенини, но знае и како да искомбинира парчиња по пристапни цени за да изгледа луксузно.

Исто така, таа со задоволство прифаќа и соработки, но и подароци, а вчера на црвениот тепих на промоција на познат бренд призна дека на подарок добила фустан од брендот Албина Дила од албански дизајнер.

– Кај нас недостасува гламурот. Нема да биде гламурозно на сплав или во ресторан. Ова е фустан од дизајнерка Албанка, не го платив јас, го добив од неа. Го користам своето име и популарноста за да добијам нешто на подарок – изјави Јелена.

Инаку, пејачката за црвениот тепих носеше фустан со кристали и пердуви, под кој имаше мрежести чорапи и златни потпетици. Подоцна, таа го отвори својот настап во црвен лакиран костим со додадени пердуви, длабоки чизми и латекс ракавици.

 

 

wanted.mondo.rs