Инфлација, поскапувања, високи сметки… инфлацијата „го изеде“ семејниот буџет

Инфлација, поскапувања, високи сметки… Граѓаните се почесто мака мачат како да врзат крај со крај до први во месецот и до наредната плата. Дупката во семејниот Буџет од месец во месец е се поголема и подлабока. Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ) излезе со минималната потрошувачка кошница која ја позиционираше на 51.500 денари. Ако се земе предвид дека минималната плата е 18 илјади денари тогаш на четиричлено семејство каде двајцата родители приминаат минимална плата му недостасуваат дури 15.500 денари за да може да ги покрие и задоволи основните потреби. Па дури и ако во семејството приходите се една просечна и една минимална плата ќе има кусок на средства од речиси две илјади денари, објави mk.voanews.com.

„И јас и сопругата работиме. Можам да кажам дека имаме солидни примања, но од месец во месец куповната моќ ни е помала. Не паметам кога последен пат сме успеале да заштедиме некој денар за следниот месец“, вели Марко Николовски.

Според ССМ се поголем број на граѓани во државата живеат на прагот на сиромаштијата или во сиромаштија.

Ако се погледне минималната кошничка по ставки може да се види дека неколку од нив се нерални и се далеку повисоки. Кошничката предвидува 796 денари од семејниот буџет за здравствени услуги или за облека и обувки 2.246 денари. Во кошничката исто така нема ставка за кредит, нешто што огромен број на граѓани во државата го имаат на товар секој месец.

„Во кошницата се најминималните и најнеквалитетните побарувања на работникот. Да може барем едно парче ефтина облека од пазар да купи во месецот. Ние знаеме дека без 1.500 денари не се влегува во аптека само за витамини. Тука не се опфатени хронично болните. Тука се пресметани само основните лекови. Оваа сума е далеку од доволна и тоа го знаеме. Во кошничката нема дека се плаќа школарина или факлутет или кредит. Кошничката е некоја слика што е навистина најминимална што не значи дека голем дел од грашаните не го минуваат така месецот“, објаснува Пешевски.

ОД ССМ предупредуваат дека доколку не се превземат итни мерки, иселувањето на младите но и работоспособното население ќе се зголеми уште повеќе.

Текстот во целост на: mk.voanews.com.