ЦУК: Пронајдени се двете лица кои беа исчезнати на падините на Шарпланина во реонот кај Титов Врв

Пронајдени се двете лица кои беа исчезнати на падините на Шарпланина во реонот кај Титив Врв. Едното лице ( јавувачот на настанот ) е пронајдено некаде по 20 часот и истото од кај страната на Титов Врв ( околу 03 ч ) е пренесено кон Попова Шапка, а потоа и во Болница. Заедно со него во болница е пренесен и Началникот на СВР Тетово кој се здобил со телесни повреди. Со цел за пронаоѓање на другото лице, екипа од припадници на специјалната единица на МВР беше упатена кон местото на настанот од другата страна односно преку Лешница и по неколку часови успеале да го лоцираат и пронајдат и второто лице кое паднало од карпа.

 

 

ЦУК