Изградбата на висококатниците отсекогаш била предизвик за архитектите. Во исто време, тоа се објекти кои извлекуваат воздишки кај луѓето кои имале можност да ги посетат или да уживаат во нивната архитектоника и величественост. Агенција Анадолија ви ги претставува 10-те највисоки згради во светот.
Висококатницата „Бурџ Халифа“ (Burj Khalifa) во Дубаи (ОАЕ) е највисоката зграда во светот. Овој облакодер е висок 830 метри и има 163 ката.
Шангајската кула во Шангај (Кина) е втора по висина зграда во светот. Со своите 128 ката и висина од 632 метри, оваа висококатница му пркоси на небото над Шангај.
Кралската саат-кула во Мека (Саудиска Арабија) е трета по висина висококатница во светот. Кралската саат-кула е висока 601 метар и има 120 ката.
Финансискиот центар „Пинг Ан“ во Шенџен (Кина), е висок 599 метри и има 115 ката.
Зградата „Голдин фајнанс 117“ (Goldin Finance) во Сичинг (Кина) е петтата највисока зграда во светот. Овој облакодер е висок 596 метри и има 128 ката.
Светската кула „Лоте“ (Lotte World Tower) во Сеул (Јужна Кореја) е висока 556 метри и има 123 ката.
Светскиот трговски центар 1 (One World Trade Center) во Њујорк, САД, висок е 546 метри и има 104 ката. Изграден е на местото на поранешната зграда 6 од Светскиот трговски центар, која заедно со кулите близначки беше срушена на 11 септември 2001 година.
Финансискиот центар „Гуангжу КТФ“ (Guangzhou CTF) во Гуангжу, Кина, висока е 530 метри и има 111 ката.
Финансискиот центар „Тијанџин КТФ“ (Tianjin CTF) во Тијанџин, Кина, висока е 530 метри и има 97 ката.
На 10-тото место на листата на највисоки згради во светот се наоѓа зградата „Чајна Зун“ (China Zun) во Пекинг (Кина). Овој облакодер е висок 528 метри и има 109 ката.
извор: Агенција Анадолија
фото: Агенција Анадолија