Синовите за Божиќ со таткото, а по Нова година со мајката

Откако во јавноста протече веста дека завршила 12-годишната љубовна врска меѓу Жерар Пике и Шакира, кои имаат два сина вонбрачно, познатиот (разделен) пар не можел да се договори на кого да му „припаднат“ децата. Сега и тоа го решија.

Милан (9) и Саша (7) биле желби и на татко им и на мајка им. Познатиот ас на ФК Барселона сакал неговите синови да растат со него, во тој шпански град, а славната пејачка – да бидат со неа во Мајами и таму да пораснат.

Четири пати се сретнале со адвокати на оваа тема, четири пати се разделувале без договор.

Но, и тоа го постигнале.

Шпански „Периодико“ пишува дека „Пике е тој што попуштил, па Милан и Саша од почетокот на 2023 година ќе живеат со Шакира во Мајами“. Тие прво ќе го поминат Божиќ во Барселона со својот татко, а потоа ќе се преселат, а Пике ќе може да ги посети на Флорида кога ќе посака“.

На крајот од средбата, адвокатите се појавија пред претставниците на медиумите и рекоа „Готово е, постигнат е договор“, а потоа беше објавено и заедничко соопштение на Пике и Шакира во кое се наведува следново.

-Сакаме да објавиме дека потпишавме договор со кој се гарантира благосостојбата на нашите деца и тоа ќе биде потврдено на суд. Нашата единствена цел е да им обезбедиме на децата максимална безбедност и бараме да се почитува нашата приватност. Го цениме покажаниот интерес на јавноста и се надеваме дека нашите деца ќе можат да го продолжат својот живот со потребната приватност во мирна и безбедна средина – пренесува хрватскиот портал „Спортске новости“ што се наведува во соопштението.

 

zenskimagazin.mk