Министерството за образование и наука сооошти дека средните училишта во Скопје, каде што во изминатите денови имаше повремени прекини, мора да продолжи, а училишните раководства кои се најодговорни за квалитетен и безбеден воспитно – образовен процес, согласно позитивните правни прописи, имаат должност да изнајдат начин и до крајот на првото полугодие да ги надоместат пропуштени часови.
Местото на учениците е во училишните клупи и секој прекин на наставата го попречува нивниот правилен развој. Затоа МОН во координација со МВР, локалните самоуправи, раководствата на училиштата и низа партнерски домашни и меѓународни организации континуирано работат на нивна заштита преку подигнување на безбедноста во училишните објекти, велат од МОН.
Од МОН го осудуваат секој обид за наштетување на воспитно – образовниот процес на учениците.
Создавањето страв и паника кај младите и одвлекување на вниманието од секојдневни училишни обврски, подразбира и наштетување на иднината на државата. Се надеваме дека оние кои во повеќе наврати ја попречуваа работата на неколку училишта во Скопје час поскоро ќе бидат пронајдени и соодветно санкционирани, велат од МОН.
Во изминатитте две недели во десетина средни училишта имаше дојави за лажни бомби. Наставата беше прекинувана, а учениците и персоналот во училиштата евакуиран.
извор: МОН