Локалниот застапник во Пенсилванија повторно е избран со големо мнозинство на гласови, покажуваат привремените податоци што ги објавија тамошните медиуми, иако починал минатиот месец од рак.
Демократот Тони Де Лука почина на возраст од 85 години на 9 октомври од лимфом и тогаш беше предоцна за промена на гласачките ливчиња.
Тој цели 20 години го застапуваше 32-от округ на Пенсилванија, во предградието Питсбург, во долниот дом на таа сојузна држава. На актуелните меѓуизбори во САД, тој е избран со 86 отсто гласови по пребројување на 98 отсто од гласачките ливчиња.
По таквата одлука на гласачите, изборите ќе мора да се повторат.
извор: (Kurir.rs)