Едно од местата што е додадено на списокот на светско наследство на УНЕСКО уште во 1979 година е Мон Сен Мишел во Франција. Освен по својата убавина, местото е специфично и по нешто друго. Имено, овде можете да ги забележите најголемите разлики во нивото на морето за време на плимата и осеката кои достигнуваат и до 15 метри.
На само неколку часа возење од Париз, ќе зачекорите во магичен свет на прекрасни пејзажи, природа и богата историја. Името на ова магично место е Мон-Шен-Мишел. Тоа е место каде што навечер ќе заспиете на островот, а наутро ќе се разбудите на полуостровот.
Иако ова е интересен феномен, сепак може да биде опасен. Доколку се најдете на пат кон островот за време на осеката, песокот е влажен и можете да потонете во него како во жива кал, а со плимата, која брзо навлегува, дури и да се удавите.
Освен тоа, морето може да се повлече и до 15 километри во пролетните месеци, така што се чини дека ова место е дел од копното, додека за време на плимата се претвора во остров опкружен со море.
Високо на островот се наоѓа манастир и средновековен замок изграден околу него до кои водат 900 скалила. Овде живеат помалку од 50 жители, а замокот го посетуваат три милиони туристи годишно.
Виктор Иго еднаш изјавил дека Мон Сен Мишел за Франција е исто што и пирамидите се за Египет.
plezirmagazin.net