Понекогаш дури и по цена на возење со трамвај.
Сепак, ваквиот план за возење по „креативен краток пат“ се покажа фатален за овој возач на Range Rover во Турција. Имено, на познатиот истанбулски мост Галата, во самиот центар на оваа милионска „кошница“ наменета за сообраќај на возила и трамваи, тој ги заглавил тркалата на шините, ги дупнал гумите и ја оштетил суспензијата, а притоа целосно го блокирал трамвајскиот сообраќај, јавува турската телевизија Улке.
Видеото од надзорната камера до кое дошла OdaTV покажува како возачот брзо се движел по патеката, пред да се заглави на високите шини и да го оштети луксузниот теренец.
Range Rover Sport останал заглавен меѓу шините, и покрај повеќекратните обиди на возачот да се обиде да излезе.
Пристигнала полицијата како и влечната служба, сообраќајот бил подолго време запрен што предизвикал колапс на улиците, а интересно на видеото може да се види како возачот е целосно опуштен додека јаде пецива и пие вода.
Ренџ роверот бил одвлечен, на возачот му било извршено алкотестирање и тест за дрога, а не се знае дали бил позитивен, но казната за возење по шини и предизвикување колапс на транспортот на луѓе и стока на најкритичното место во градот сигурно нема да биде безначајна.
kanal5.com