Каде завршиле парите за сметките за струја на Клинички? Не се плаќало 3 години, долгот за струја е 7 милиони евра

Нема одговор кој е виновен зошто три години не се плаќале сметките за струја во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје и каде завршиле парите кои биле планирани за тоа.

Од Министерството за здравство само парцијално одговораат на прашањата од „Телма“, со посочување дека проблемот ќе се реши и на клиниките струја ќе има, откако телевизијата обелодени дека долгот за струја е 7 милиони евра.

Наместо да се утврди одговорност, од здравство на конкретни прашања доставија информации. Дека се дадени насоки за штедење, а во мерките за тоа стои и редовно да се менуваат филтрите на клима уредите, старите прозорци да се заменат со нови. Но, во одговорот нема ниту збор каде настанал проблемот за клинички да накалеми долг од 7 милиони евра за електрична енергија, објавува телевизијата.

 

извор: „Телма“