МНР: До сега нема пријави за помош од македонски граѓани по експлозијата во Истанбул

Македонското Министерство за надворешни работи извести дека досега ниту еден македонски државјанин не побарал помош во дипломастките претставништва, по денешната страотна експлозија во Истанбул. Ги објавија дежурните телефонски броеви за поддршка.

„МНР со загриженост ја следи ситуацијата по последната трагична експлозија и во вонредна функција се ставени Генералниот конзулат во Истанбул, како и Амбасадата во Анкара. При евентуална потреба од помош за нашите државјани може да нѐ контактираат на дежурните телефонски броеви“, стои во кусото известување на министертвото до медиумите.

извор: МНР