Изгласан е ребалансот на буџетот на град Скопје предложен од Арсовска, дополнет со амандмани од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:
Со амандманите кои беа усвоени се предвидува социјална заштита во време на криза за што се обезбедија 15 милиони денари помош во кризно време за најпогодените лица во македонското општество. Тоа се децата без родители, лицата во социјален ризик и општествен ризик, кои што ќе се соочат најостро со кризата која што од енергетска прераснува во финансиска и економска.
Потоа се обезбедија и средства за Црвениот крст. Се успеа да се обезбеди изградба на улици во општина Чаир како што е и улицата Максут Садик, и улицата Фрањо Клуз во општина Аеродром“. Беше изгласано повеќе пари за ФК Вардар и нормализација на работата на Универзалната сала.
Жалосно е што Арсовска беше против својот ребаланс, а СДС гласаше против сите овие проекти. Тие продолжуваат да ја докажуваат својата коалиција која е против Скопје и скопјани. Очигледно криминалните интереси им се пред тие на градот Скопје.
извор: ВМРО ДПМНЕ