Г-20 повика на „целосно, безусловно повлекување“ на Русија од Украина

0
199

Во заедничката декларација, земјите членки на Г-20 повикаа на „целосно и безусловно повлекување на Русија од територијата на Украина“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во декларацијата, усвоена на Самитот на Г-20 во Бали, Индонезија, се вели дека „повеќето членки силно ја осудија војната во Украина“, која „предизвикува огромно човечко страдање и ја влошува постоечката кршливост во глобалната економија – го ограничува растот, ја зголемува инфлацијата, ги нарушува синџирите на снабдување, ги зголемува енергетската и прехранбената несигурност и ризиците за финансиска стабилност“.

„Од суштинско значење е да се почитува меѓународното право и мултилатералниот систем што ги штити мирот и стабилноста“, рекоа членките на Г-20.

„Употребата или заканата за употреба на нуклеарно оружје е недозволива. Мирното решавање на конфликтите, напорите за справување со кризите, како и дипломатијата и дијалогот, се од витално значење. Денешната ера не смее да биде војна“, се додава во декларацијата.

Групата, исто така, ги поздрави договорите потпишани во Истанбул со посредство на Туркије и ОН, „за да се намалат тензиите и да се спречат глобалната несигурност од храна и гладот во земјите во развој“.

„Ја нагласуваме важноста од нивна целосна, навремена и континуирана имплементација од сите релевантни страни“, се додава.

Самитот на лидерите на Г-20 се одржа во Бали на 15-16 ноември во рамките на тимот на „Закрепнете заедно – закрепнете посилни“.

 

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото:Агенција Анадолија (АА).