Трилатерална средба на државната секретарка м-р Магдалена Несторовска

0
202

Државната секретарка на МВР м-р Магдалена Несторовска денеска на маргините на Министерската конференција “Одржливо управување со миграцијата во Западен Балкан” одржа трилатерална средба со делегација на Исламска Република Пакистан, предводена од специјалниот секретар на Министерството за внатрешни работи Саиф Анџум и советникот на Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Саша Кецман. Средбата беше организирана со поддршка на Меѓународната организација за миграција.

На средбата беше разговарано за можностите за подобрување на соработката во управување со миграциите со посебен акцент во областа на идентификацијата на лица и нивно враќање, како и за идните чекори во оваа насока.

 

извор: МВР