Скопјанка удрила во две возила и прегазила полицаец

Скопјанка ноќеска направила вистински „карамбол“ предизвикувајќи сообраќајна несреќа во која е повредена таа и еден полициски службеник.

МВР информира дека денеска  околу 00.30 часот на бул.„Гоце Делчев” во Скопје, патничко моторно возило „пежо” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(32) од Скопје, удрило во запрено службено полициско возило.

-По ова возилото удрило во полициски службеник и уште едно запрено патничко моторно возило „ауди” со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Х. (27) од Скопје.Во незгодата со телесни повреди се здобила С.А. и полицискиот службеник, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза, соопштија од МВР.