Студенти во Охајо избодени со нож до смрт

Двајца цимери биле во домот за време на убиството на четворицата студенти од Универизитетот во Ајдахо, соопшти локалната полиција. Џејмс Фрај, началникот на полицијата во Ајдахо во градот Москва, рече дека двајцата дополнителни цимери биле дома во моментот на смртта на другите четворица, но не биле повредени или земени како заложници.

 

На прес-конференцијата, Фрај соопштил дека убиствата на младите се случиле во „раните утрински часови“ на 13 ноември, но полицијата била повикана дури „околу пладне“.

Фрај не прецизираше дали двајцата преживеани цимери се „сведоци“ и додаде дека тие сè уште биле таму кога полицијата пристигнала подоцна истиот ден да истражи.

Четирите жртви беа идентификувани како: Итан Чапин 20, од Вашингтон, Медисон Моген 21, од Ајдахо, потоа Хана Кернодл 20, од Аризона и Кејли Гонкалвес 21, од Ајдахо.

– Не можеме да кажеме дека нема закана за заедницата – посочил началникот на локалната полиција.

 

На прес-конференција одржана на 16 ноември, полицијата потврди дека уште двајца цимери биле дома за време на убиството на четворица студенти од Универзитетот во Ајдахо на 13 ноември.

Џејмс Фрај, началникот на полицијата во Ајдахо во градот Москва, рече дека двајцата дополнителни цимери биле дома во моментот на смртта на другите четворица, но не биле повредени или земени како заложници.

Началникот посочил дека телата на младите жртви, биле на обдукција во средата, но тој јавно не ги идентификувал двајцата преживеани цимери. Фрај повтори дека нема моментално лице од интерес, но дека истражителите „веруваат дека ова бил изолиран напад“ со „целни жртви“.

Кога подоцна новинарите го притиснаа да објасни зошто полицијата мисли дека станува збор за изолиран напад, тој појасни.

 

faktor.mk