Лепа Брена му донесла среќа, Александар Јосифовски е пресреќен, најавува нова песна

Од кога се прослави во „Звзеда Гранда“, рокер со неверојатен глас и енергија, Александар Јосифовски работи со полна пареа, додека публиката чека само една – нова песна. Тоа наскоро ќе им се оствари, што би рекол Јосифовски додека да трепнеш, но и изненадувањата не завршуваат тука.

Доаѓа новата песна, ја снимив на Флорида, сега веќе работиме на спотот, го снимаме во Њујорк. Еден композитор со кој соработувам со години ми испрати демо верзија на баладата и штом ја слушнав сфатив дека не можам да одолеам – откри тој.

– Песната ми разбуди емоции, веднаш побарав студио за целосно да ја завршам. Веднаш добив идеја каков ќе биде аранжманот и сето тоа, и го направивме она што го замислив. Многу сум среќен што се испадна како што беше. Едвај чекам оваа балада да допре до луѓето, да ја слушнат и заедно да ги споделиме тие емоции – нетрпеливо рече Александар.

Да потсетиме, Јосифовски неодамна го оствари еден од своите најголеми соништа кога замина на првата американска турнеја со најголемата музичка ѕвезда Лепа Брена. Не ја криеше среќата и гордоста што токму тој ја имаше честа да настапи со музичката дива.

– Бев поканет од луѓе од тамошната организација и секако веднаш прифатив. Ќе бидам како нејзината воведна група, поточно ќе го пеам својот репертоар околу еден час пред неа, а потоа таа ќе има концерт од околу два и пол часа – возбудено истакна во таа прилика.

 

grand.nova.rs