ВМРО ДПМНЕ: СДС и Арсовска се виновни за немањето проекти во Скопје, Ковачевски да одговори какви матни зделки договориле на тајните средби за да ја маскира нејзината неработа

За нереализираните проекти во Скопје единствено вина имаат СДС и нивната портпаролка Данела Арсовска, а Ковачевски всушност само ја потврди коалицијата со Арсовска со тоа што нејзините проекти ги зеде како свои, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение ја пренесуваме истата во целост:

Ковачевски кога обвинува други за неработа, треба прво да одговори што договараат на тајните средби со Арсовска, затоа што за работа сигурно не се договараат, оти ништо и не работат, а скопјани тоа го гледаат.

Ковачевски исто така да одговори какви матни зделки договориле со Арсовска штом толку ревносно и даваат поддршка и се обидуваат да ја маскираат нејзината неработа.

Реалноста е дека хаосот во Скопје започна со СДС, а Арсовска како нивен портпарол само го продолжи.

Владата на СДС и ДУИ на ЈСП му должат 2 милиони евра. Директор на ЈСП кој го постави Арсовска е кадар на СДС. Клинички центар управуван од министерството за здравство водено од ДУИ ми должи на ЈП Водовод и канализација 2 милиони евра.

Тоа се фактите, а за работата на ВМРО-ДПМНЕ сведочат проектите, училиштата, улиците, булеварите, градинките кои се градат, кои изнесуваат над 120 милиони евра.

извор: ВМРО ДПМНЕ