ВРЕМЕПЛОВ- Настани на денешен ден, 22 ноември

1908 Во Битола е усвоена албанската азбука.

1943 Либан стекнува независност од Франција.

1963 Во Далас е убиен американскиот претседател Џон Кенеди.

1974 Генералното собрание на Обединетите Нации и доделува статус на набљудувач на Палестинската ослободителна организација.

1986 Победувајќи го актуелниот шампион Тревор Бербик со технички нокаут во втората рунда, Мајк Тајсон ја освоил шампионската титула во бокс во тешка категорија, во верзијата на WBC. На тој начин, на возраст од 20 години и четири месеци, тој станал најмладиот шампион во тешка категорија во историјата на професионалниот бокс.

1991 Египетскиот политичар Бутрос Бутрос-Гали е избран за генерален секретар на Обединетите Нации, со што стана прв Арап (и прв жител на Африка) избран на таа функција.

 

 

Од Википедија — слободната енциклопедија