Утрово пак пропадна камион во површинската фонтана на Плоштад Македонија во Скопје. Ова не е првпат да пропаѓаат возила во фонтаната. Пред 2 месеца пропадна камион со опрема за „Пиволенд“, а лани во март пропадна камион за чистење на „Комунална хигиена“.
Во 2017 пропадна камион пред пречекот на ракометарите на Вардар по освоената шампионска титула. Површинската фонтана е направена во времето на Коце Трајановски и чини 2,5 милиони евра.
View this post on Instagram