Хакерски напад на веб-страницата на Европскиот парламент

0
269

Веб страницата на Европскиот парламент попладнево беше нападната од хакери.

Претходно денеска таа институција ја прогласи Русија за државен спонзор на тероризмот поради руските напади врз украинските цивили и енергетската инфраструктура на земјата, поради што на милиони Украинци им се заканува замрзнување оваа зима.

„Веб-страниците на Европскиот парламент во моментов се недостапни поради високите нивоа на надворешен мрежен сообраќај. Овој сообраќај е резултат на напад на DDOS (Дистрибуирано одбивање на услугата)“, објави на Твитер Хаиме Дух, портпарол на Европскиот парламент.

Роберта Мецола, претседателката на Европскиот парламент, накратко го коментираше хакерскиот напад, велејќи дека одговорноста за нападот ја презела про-Кремљ група. „Мојот одговор е : Слава на Украина“, напиша на Твитер Мецола.

извор: slobodnaevropa.mk