Тешка сообраќајна несреќа во која целосно изгореле два шлепера се случи денеска на автопатот меѓу Нови Сад и Белград кај местото Ковиљ, јавија локалните медиуми.
Според првичните, неофицијални информации, шлеперите се судриле во моментот кога едниот го претекнувал другиот, по што двата камиона излетале од патот и се запалиле. Сообраќајот во правец кон Белград попладнево беше во прекин.
View this post on Instagram
Двајцата возачи, на возраст од 40 и 42 години, биле примени во болница во Нови Сад со бројни повреди, но не се во животна опасност, според медиумите.
slobodenpecat.mk