Амбасадорката на Северна Македонија во Софија, Агнеса Руси-Поповска, ќе биде повикана денеска во Министерството за надворешни работи, каде што ќе и биде врачен остар демарш по повод нападот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, јави дописникот на МИА од Софија.
Уште синоќа бугарските дипломати детално го информирале раководството на Европската комисија за тешкиот инцидент во Охрид.
Македонското Министерство за надворешни работи синоќа го осуди оштетувањето на стаклото на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид кое се случило вчера.
МИА