Продуцентскиот тим на турската серија „Балканска приказна” ги демантира трвдењата дека возилото кое вчера пропадна е нивно

0
191

Продуцентскиот тим на турската серија „Балканска приказна” и локалниот партнер „Сити Стар Продукција”, која изминатите седум месеци се снима на повеќе локации во Скопје, во целост ги демантира информациите пласирани во јавноста во коишто се наведува дека возилото коешто вчера пропадна на плоштадот „Македонија” е во сопственост на турската серија „Балканска приказна” или Balkan Ninnisi на ТРТ1.

Тимот на серијата заедно со актерите од Турција работат и живеат во Скопје во изминатите седум месеци, грижејќи се за градот, урбаната опрема и одржување на зеленилото и чистотата на локациите каде што до сега сме работеле, пред се затоа што Скопје е наш втор дом и наша должност е да возвратиме со грижа и почит. На овој начин и ќе продолжиме да работиме во текот на идните снимања. Изразуваме искрена благодарност до Скопје и скопјани за искажаното разбирање и поддршка којашто ја добиваме уште од првиот ден кога ги започнавме подготовките за снимање на серијата – стои во соопштението од тимот на ТВ серијата „Балканска приказна”.

Од Град Скопје вчера соопштија дека возачот на камионот, турски државјанин е приведен и изведен пред суд и дека возилото, кое било на приватната компанија, немало дозвола за движење на плоштадот, иако претходно имало поднесено такво барање.

 

 

slobodenpecat.mk