Македонските и бугарските историчари без договор за Охридската архиепископија

0
175

По дводневната средба на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија, копретседваачот од македонската страна, Драги Ѓоргиев изјави дека имале напорна и тешка средба и два дена дискутирале само за македонските учебници по историја за седмо одделение.

-Имавме навистина напорна и тешка средба. Два дена дискутиравме само за учебниците по историја и имаше позитивна и конструктивна атмосфера, меѓутоа не дојде до договор. Бевме блиску, можно е да се постигне договор, ние сме оптимисти и ќе продолжиме со таа надеж и следната година да дискутираме на тие теми – изјави копретседателот Драги Ѓоргиев, по завршувањето на дводневниот состанок на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија.

Дебатата во овие два дена според Ѓоргиев била за Охридската архиепископија, и една од забелешките од колегите од Бугарија е дека, тие сакаат да се промени начинот на кој таа е претставувана во нашите учебници.

фото: Архива