Приватните превозници вклучени во Јавниот линиски превоз утре ќе протестираат со целосно блокирање во сите правци на крстосницата кај Мавровка, односно булеварот „Гоце Делчев“ и булеварот „Крсте Петков Мисирков“.
Како што најави приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз“, блокирањето ќе биде со повеќе од 30 автобуси и повеќе од 300 лица.
Не е исклучена можноста и не е потврдена информацијата дека на тој ден во утринските часови според можеби поедини превозници да ги блокиранаат излезите односно влезовите на ЈСП-Скопје. Исто така времетраењето на протестот не е утврдено и се планира да трае до исполнување на барањата кои ако брзо не се решат во наредните денови ќе се прошири и на други делови од сообраќајниците во Скопје, посочуваат од „Слобода превоз“.
Во рамките на своите активности за решавање на актуелниот проблем утре „Слобода превоз“ треба да оствари средба со УО на ЈСП. Исто така претставници на „Слобода Превоз“ ќе присуствуваат на седницата на Советот на Град Скопје.
– На средбата со УО на ЈСП на која се очекува да присуствува и директорот на ЈСП ќе побараме информации поврзани со долгот на ЈСП-Скопје и зошто директорот не ги исполнува обврските од договорот, како и информации за изнесените невистини од страна на градоначалникот за наводен криминал со билетите за превоз и кражба на пари, кои одговори секако дека ги имаат службите на ЈСП, бидејќи тие се најинволвираните, задолжени и компетентни во целиот процес од набавка , дистрибуција до продажба на билети и за функционирање на АВЛ системот и системот за наплата. Тие како такви точно знаат за тоа каква е вистинската состојба и документација во овој процес наспроти „Слобода превоз“ која нема никаква ниту улога во тој процес и нема никаков пристап до тие податоци. Јавноста не смее да биде дезинформирана особено за состојби за кои постојат записи, аргументи и факти, стои во соопштението.
Од „Слобода превоз“ додаваат дека „во врска со клеветите и долгот, во текот на следната недела преку адвокатската канцеларија Апостолски, ќе бидат доставени потребните поднесоци до надлежните институции“.
– Со оглед дека постои голем интерес на јавноста за овие случувања ги повикуваме медиумите да закажуваат дебати со соочување на наши претставници, на ЈСП, на Град Скопје и Секторот за сообраќај на Град Скопје за правилно да се презентираат аргументи и факти и да не се дозволи една личност од позиција градоначалник да ја дезинформира јавноста прикривајќи ги опствените слабости со неосновани напади и клевети врз дуги лица и компании, наведуваат во соопштението од „Слобода превоз“.
извор: „Слобода превоз“