(ВИДЕО) Меси шутираше мексикански дрес, па доби закана од познат боксер: Нека се моли да не се сретнеме!

Аргентина по шокантниот пораз во првото коло од Саудиска Арабија, во саботата успеа да го победи Мексико со 2:0 и да се доближи до пласман во осминафиналето на Светското првенство.

По натпреварот фудбалерите на Аргентина со песна ја прославија победата во соблекувалната. Објавени се неколку видеа од соблекувалната, а на едното се гледа како најдобриот стрелец Лионел Меси го гази дресот на Мексико.

Тој потег ги налути Мексиканците, а најгласен беше боксерот Канело Алварез. “Го видов Меси како го чисти подот со нашиот дрес и знаме. Мора да му се моли на Бога да не го најдам. Исто како што јас ја почитувам Аргентина, тој мора да го почитува Мексико. Не зборувам за сите Аргентинци воопшто, но само за ова срање што го направи Меси во соблекувалната и она што сите го видовме“, рече Канело.

Мексиканецот многумина го сметаат за најдобриот боксер во светот надвор од тешка категорија и четирикратен шампион во супер средна категорија. Во кариерата има 58 победи, два порази и две нерешени.

извор: sportclub.mk

фото: PRTSC