ВРЕМЕПЛОВ- Настани на денешен ден, 29 ноември

1913 Во Париз основан Меѓународниот мечувалски сојуз (ФИЕ).

1926 Во Тетово е пуштена во редовна работа ХЕЦ „Пена“ — прв хидроенергетски објект во Македонија (дотогаш сите биле на јаглен). Изградена е во периодот од 1924 до септември 1926 година. Инвеститор било Тетовското индустриско акционерско друштво основано на иницијатива на Г-дин Михајлович, руски емигрант кој живееел во Тетово.

1943 Во Јајце започнува Второто заседание на АВНОЈ. Истиот ден на заседанието Јосип Броз Тито е прогласен за Маршал на Југославија.

1947 Генералното собрание на Обединетите Нации донесува резолуција за поделба на Палестина на еврејски и арапски дел.

1958 Скопје и некои други градови од Македонија добиваат добар прием на италијанската телевизија.

1962 Велика Британија и Франција потпишуваат спогодба за изработка на надзвучен авион од типот „Конкорд“.

1973 Во Маврови Анови е формирано Здружението на радиостаниците во Република Македонија.

 

 

Од Википедија — слободната енциклопедија