Отркиено колку се плаќало за добивање македонски пасош

На судење во Србија, српски криминалец сведочел дека за македонски пасош се плаќало по 30.000 евра.

Роко се викал македонскиот државјанин кој, според изјави дадени во Специјалниот суд во Белград, наплаќал по 30.000 евра за македонски пасош, јавуваат денеска српските медиуми. Ова го кажал сведокот Срѓан Лалиќ во судскиот процес против Веља Невоља и кавачкиот клан.

„Во една куќа во Земун однесов пари за превоз во Турција, еднаш му однесов 30.000 евра за пасош за Марко Божиќ. Лицето кое било контакт за пасоши за С. Македонија е лице со прекар Роко. Напоменав дека групата се занимавала со дистрибуција на дрога, обезбедување”, изјавил Лалиќ пред Специјалниот суд во Белград.

Аферата „Двојник“ во Македонија беше токму на издавањето на 215 македонски пасоши на познати бандити, наркобосови, криминалци од странство. Пресуди има за неколку службеници во МВР.

 

faktor.mk