(ФОТО) Фатен на радар, возел со 198км на час

0
273

МВР сподели фотографија направена од екранот на полицискиот радар од која се гледа моментот кога е регистриран автомобил кој се движи со 198 километри на час, што е за над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина и за што се изрекува строга санкција. Со радарска контрола на патиштата и улиците низ земјава вчера биле регитрирани 195 брзи возачи.

Од МВР велат дека од вкупно 195 санкционирани возачи, четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 126 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 69 надвор од населено место.

mkd.mk