Вчера во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола-Државна граница со Република Грција, М.Г.(51) од Република Грција, управувајќи патничко возило „нисан алмера“ со грчки регистарски ознаки, изгубила контрола, излетала од коловозот и удрила во заштитна ограда.
Во несреќата, М.Г. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид извршила увидната екипа на СВР Битола.
извор: СВР Битола