РАФ го изведе летот користејќи 100 отсто одржливо гориво, што е прв пат во историјата на Обединетото Кралство за секаков вид авион.
„Тие треба да бидат горди на ова достигнување. Тоа е голем чекор напред за РАФ, како и за Министерството за одбрана. Велика Британија го води патот во развојот на идните оперативни способности во светот погоден од климатските промени“, рече британската министерка за одбрана, Анабел Голди.
Тестот ја користеше воената верзија на Airbus A330, RAF Voyager, кој леташе над Оксфордшир користејќи само одржливо воздухопловно гориво (SAF), отворајќи нови опции за иднината на воените и цивилните авиони.
SAF се произведува од одржливи суровини како што е искористеното масло за јадење, а нивните емисии на јаглерод се до 80 проценти помали во споредба со конвенционалното млазно гориво. Целта е да се намали зависноста на РАФ од глобалните синџири за снабдување со гориво, да се зголеми оперативната еластичност и да се намали нејзиниот јаглероден отпечаток.
Пробниот лет траел 90 минути, а бил симулација на полнење гориво во воздух.
Според британскиот закон, сите емисии на стакленички гасови мора да достигнат нула нето емисии на јаглерод до 2050 година.
usb.mk