Телма: Поради големи долгови и факултетите, судовите, зоолошката градина, затворите може да останат без струја

Поради големи долгови и факултетите, судовите, зоолошката градина, затворите може да останат без струја, објави ТВ Телма.

ЕВН од утре ќе испорачува известување за исклучување и до овие инситуции. Претходно ваков документ добија Клинички и Железници, дека за помалку од две недели можат да останат без електрична енергија.

Како што пишува Телма министерот за финансии Бесими ќе проба да најде пари за барем да го намали долгот од околу 7 милони и Клинички да се спаси од мрак.

Во меѓувреме се токмат нови милионски набавки на струја.Од утре продолжува купувањето на електрична енергија.За само три дена за нешто над 10.000 мегават часови ќе се потрошат над 4 милиони евра.

извор: ТВ Телма