Најмалку 33 лица загинаа, а девет лица се спасени откако пред два дена свлечиште затрупа автобус во северозападна Колумбија, изјави вчера министерот за внатрешни работи на оваа латоноамериканска земја АЉлфонсо Прада.
Како што пренесуваат западните медиуми, несреќата се случила меѓу Пуебла Рико и Санта Сесилија, во провинцијата Рисаралди, на околу 230 километри северозападно од главниот град Богота.
-Веќе пронајдовме 33 мртви лица, меѓу кои и три малолетни, а спасивме девет лица, од кои четворица се во критична состојба, изјави министерот Прада.