По вторпат се одложи почетокот на судењето во кое на тројца лекари од струшката болница им се суди за лекарска грешка во случајот со родилката од Дебар. Главниот претрес не се одржа затоа што во судницата не дојде првообвинетитот гинеколог, и поранешен директор на болницата Мухамед Асани, и второобвинетитот негов колега, а дојде само третообвинетата Лилјана Јованоска. Обвинителството ги товари за тешки дела против здравјето на луѓето, затоа што пред две години при породување со царкси рез, Јилдиз Веаповска остана без матка, јајник и бубрег. За ова кривично дел се предвидува максимална затворска казна од пет години, објави Телма.
Јилдиз Веаповска рече дека сѐ уште ги чувствува тешките последици од породувањето по кое остана без три органи, и се надева дека правдата ќе биде на нејзина страна.
Следното рочиште е закажано за 24 јануари, а судијата рече дека ако обвинетите не се појават ќе побара присилно да бидат донесени.