Утрово до дел од скопските средни училишта повторно пристигнаа дојави за поставени бомби. Според медиуми, има дојави за бомби во две средни училишта, „Раде Јовчевски Корчагин“ и „Јосип Броз Тито“.
Дел од учениците ги напуштаат училиштата, друг дел веќе се заминати и во тек се антитерористички проверки.
На терен пристигнуваат екипи на полицијата за проверка.
Во изминатиот период имаше повеќе пријави за поставени бомби во средните училишта во Скопје како и во основно училиште во Крива Паланка.
Претходно, малолетник беше уапсен од полицијата поради испраќање меилови со заканувачки содржини за поставени бомби во неколку средни училиштата во Скопје.
фото: Архива