Пожар избувна во луксузниот хотел „Кираган палас“ во Истанбул, кој припаѓа на синџирот „Кемпински“ и се наоѓа во зградата на поранешната Отоманска палата, јавуваат турските медиуми.
Пожарот избувнал на четвртиот кат од хотелот, јавува „Ројтерс“. Гостите и вработените во хотелот се евакуирани. Причината за пожарот сè уште не е позната, а засега нема информации за повредени.
Палатата била изградена во 19 век од султанот Абдул Азиз и во голема мера била уништена во пожар во 1910 година. Во 1980-тите беше реновиран и претворен во хотелски комплекс во стил на стара палата.
Тој е еден од најскапите хотели во Истанбул, каде што често се прават свадби.
tocka.mk