ВРЕМЕПЛОВ -Настани на денешен ден, 10 декември

1868 Првите семафори биле поставени во Лондон. Ноќе биле осветлувани со зелена и црвена гасна ламба.

1901 Доделени се првите Нобелови награди.

1913 Познатата слика на Леонардо да Винчи „Мона Лиза“ е вратена во парискиот музеј Лувр, од каде што две години порано беше украдена.

1936 По само 325 дена на британскиот престол, Едвард VIII абдицирал за да може да се ожени со својата избраничка Волис Симпсон. Го наследил неговиот брат принцот Алберт, кој владеел како Џорџ VI, татко на кралицата Елизабета II.

1948 Генералното собрание на ОН ја усвоило Универзалната декларација за правата на човекот. По тој повод, овој ден се смета за Ден на човековите права.

1964 Познатиот црнечки политичар и борец за црнечките права во САД Мартин Лутер Кинг ја доби Нобеловата награда за мир.

1979 Мајка Тереза ја доби Нобеловата награда за мир.

1991 Одржан е референдум за независност на Нагорно-Карабах.

1992 Британскиот престолонаследник принцот Чарлс и неговата сопруга, принцезата Дајана се разведоа. Нивното венчавање во катедралата Сент Пол на 29 јули 1981 година беше светски медиумски настан.

 

Од Википедија — слободната енциклопедија