Пред петнаесетина минути во околината на Зубин Поток, во селото Стуоце, кај Газивода, се слушнала пукотница која траела петнаесетина минути.
Две детонации се слушнале во Звечани, јавува дописникот на Новости кој е на лице место.
Припадници на РОСУ го блокираа патот на две места на пат кон административниот премин Јариње.
Ваквата тензична состојба следува откако припадниците на косовската полиција денеска на административниот премин Јариње, го уапси Дејан Пантиќ, поранешен припадник на косовската полиција кој на 5 ноември ја напушти оваа институција заедно со своите колеги, а дотогаш беше вработен во полициската станица во Косовска Митровица, соопшти директорот на Заводот за КиМ Петр Петковиќ.
„Дејан и неговата сопруга денеска утрото отишле во Рашка за да направат некој приватен бизнис, нормално го поминале преминот, а на враќање полицајците му ставиле лисици и го однеле, според последните информации, во базата на косовската полиција кај преминот.
faktor.mk