Вучиќ: Ќе бараме од КФОР да овозможи распоредување на српската војска и полиција на Косово

0
245

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека со Владата на Србија е договорен текст со кој Србија, во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, ќе испрати барање до КФОР за распоредување на припадници на српската војска и полиција на Косово, но дека нема илузии дека ова барање ќе биде прифатено.

Вучиќ на прес-конференција во Белград прецизираше дека одлуката на Владата за ова барање ќе биде донесена во понеделник или вторник.

Како што посочи, со резолуцијата 1244 е потврдено дека договорениот број припадници на српската војска и полиција ќе биде дозволено да бидат вратени на територијата на Косово и Метохија.

Вучиќ истакна дека Резолуцијата 1244 е недвосмислена и дека не може да има различни толкувања, туку дека барањето на Белград мора да се прифати.

„Но, знам дека ќе биде отфрлено (…) немаме такви илузии дека ќе го прифатат, ќе најдат безброј причини зошто ќе не информираат дека тоа не е потребно, иако немаат право на тоа” рече Вучиќ.

Белград ќе упати ноти до земјите кои го повлекле своето признавање.

Претседателот потсети и дека на 15 декември Приштина ќе поднесе барање за членство во ЕУ, поради што, како што рече, испратил писма до лидерите на петте земји на Унијата кои не ја признаа еднострано прогласената независност на Косово, бидејќи во во согласност со член 49 од Договорот за ЕУ, прифаќање само суверени и независни држави можат да аплицираат за членство.

Ваквиот потег на Приштина, по барањето за членство во Советот на Европа, според Вучиќ, недвосмислено покажува дека другата страна повеќе не го почитува Вашингтонскиот договор. Белград, како што најави, следната недела ќе упати ноти на оние земји кои го повлекоа признавањето на независноста на Косово.

Фото: ФБ Александар Вучиќ